ноември 29, 2025

МЕСЕЦ НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА ПРЕВЕНЦИЈА ОД БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТИ

Tрадиционално, Црвениот крст на Република Северна Македонија го посветува месец ноември на подигнување на јавната свест за болестите на зависност и важноста од нивната превенција. Во текот на целиот месец, посебен фокус се става на едукација, информирање и поддршка на младите, со цел рано препознавање на ризиците и градење здрави животни навики.

Во рамките на овие активности, Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид организираше 9 едукации кои опфатија 389 ученици од охридските средни училишта. Едукациите беа реализирани од врснички едукатори и доктори кои преку интерактивни предавања, дискусии и практични примери ги запознаа младите со последиците што зависностите ги имаат врз физичкото и менталното здравје, како и врз социјалниот живот.

Едукациите беа спроведени во следниве училишта:

ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид

СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид

Клуб на млади при Црвен крст Охрид

Одржувањето на овие активности има јасна цел – да се нагласи дека зависноста е болест, не одлука, и дека секој млад човек заслужува информации, поддршка и средина во која може да направи здрав избор. Превенцијата е најсилното оружје за заштита на младите, а овие едукативни сесии се важен чекор во таа насока.

Изразуваме искрена благодарност до СВР Охрид и до сите средни училишта во општина Охрид за нивната отвореност, поддршка и активна вклученост во заедничката мисија.

< врати се назад