јуни 28, 2024
МЕСЕЦ НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
По повод мај – Месецот на ментално здравје на еден од редовните состаноци на Клубот на млади беше организирана врсничка едукација на тема превенција на ментално здравје.
На истата младите имаа можност да се едуцираат и да продискутираат на повеќе важни теми како :
Грижа за себе и себе – рефлексија
Што е, а што не е ментално здравје?
Митови и факти поврзани со познати мислења за менталното здравје
Персонални врски и односи
Поддршка и промени
Едукацијата ја реализираше Борче Исакоски, волонтер на Црвен крст Охрид и обучен врснички едукатор на Младите можат.