октомври 6, 2022

МЕСЕЦ НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

По повод Неделата на млади, која трае од 1 до 7 октомври, и месецот на ментално здравје – октомври, вчера на редовниот состанок на клуб на млади беше одржано предавање на тема
” Анксио – депресивни растројства кај тинејџери ” .
 
Предавањето беше во вид на интерактивна презентација која ја одржа Сара Божиноска, студентка на Медицинскиот факултет, и на истата учествуваа околу 50 волонтери од клубот на млади.
 
Овие млади во периодот од еден час имаа можност да ги надоградат своите знаења во однос на менталното здравје и оваа тема, но и да дискутираат и да ги искажат своите ставови во однос на истата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад