
март 8, 2022
Меѓународниот ден на жената
Денес Црвен крст Охрид свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8ми март.
Беа поделени пригодни подароци, меѓу кои и рачно изработени честитки од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин со читање на прекрасни поеми посветена на жената. 


Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното секојдневие, нека бидат неизмерно среќни, задоволни и сакани.
Честит ден на сите жени! Среќен 8ми Март!


































