декември 3, 2020
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби – 3ти Декември, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонја – Општинска организација Охрид им се придружија на дечињата од Здружението “Тајните на моето срце” истакнувајќи ја љубовта, дружбата, почитта и единството.
По тој повод, волонтерите од Општинска организација Охрид им врачија скромни подароци.
Сите сме исти и сите сме заедно