октомври 7, 2023

МЕЃУНАРОДНА ШКОЛА ЗА МИГРАЦИИ

Од 17 – 21 септември во центарот Солферино во Струга, Црвен крст на град Скопје организираше Меѓународна школа за миграции, на која учество земаа претставници од Националните Друштва на Црвен крст од Грција, Бугарија, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Русија, како и учесници од нашата држава.
Учесниците имаа можност да учат од експерти од областа на миграции и низ процес на дискусии да разменат ставови и гледишта за мешаните мигациски текови. Претставници на Министерството за внатрешни работи, УНХЦР, ИОМ, МИЛА. Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и други, беа дел од програмата на школата. На истата се реализираше и панел дискусија со министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и Генералниот Секретар на Црвен крст на РСМ г-дин Саит Саити.
 Покрај дискусиите и предавањата, учесниците беа дел од симулациска вежба и други активности за практично приближување на материјата .
 На оваа школа учество како претставници на Црвен крст Охрид земаа волонтерите од Клубот на млади Борче Исакоски и Игор Јосифоски. Се заблагодаруваме на Црвен крст на град Скопје за поканата .
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 6 people and suitcase
May be an image of 2 people, hospital and text
May be an image of 5 people, people studying and table
May be an image of 13 people, tree and grass
 
 
May be an image of 1 person and text
 
< врати се назад