март 8, 2024
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА
Црвен крст Охрид свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8ми Март, со делење на пригодни подароци на волонтерите од Клубот на стари лица “Најди време”, меѓу кои и рачно изработени честитки од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин.
Исто така, волонтерите од Програмата за грижа за стари лица “Најди време” од Црвен крст Охрид ги посетија жените – корисници на програмата и им подарија пригодни подароци и многу внимание и љубов!
Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното секојдневие, нека бидат неизмерно среќни, задоволни и сакани.
Честит ден на сите жени! Среќен 8ми Март!