март 8, 2023

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА

Црвен крст Охрид свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8ми Март, со делење на пригодни подароци, меѓу кои и рачно изработени честитки од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин.
 
Подароците беа поделени на волонтерите од Клубот на стари лица “Најди време” при општинската организација Охрид, но и на повеќето жени кои беа затекнати како минувачи .
 
Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното секојдневие, нека бидат неизмерно среќни, задоволни и сакани.
 
Честит ден на сите жени! Среќен 8ми Март!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад