октомври 2, 2023

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и оваа година се вклучи во одбележувањето на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година за да се охрабруваат земјите во светот да привлечат внимание и да ги оспорат негативните стереотипи и заблуди за постарите лица и стареењето и да им овозможат на постарите лица да го реализираат својот потенцијал.
Годинава, темата на одбележувањето на 1 Октомври е „Исполнување на ветувањата од Универзалната декларација за човекови права за постарите лица: Низ генерации“.
По тој повод, денес (02.10.2023), во просториите на Црвен крст Охрид, се одржа интерактивна работилница и презентација на основната тема на годинешното одбележување на 1 Октомври.
Оваа работилница, покрај со проширување на знаењата за правата на постарите лица, резултираше и со одредени размислувања и предлози поврзани со состојбата, околностите и грижата за старите лица во нашето општество и локалните заедници. Работилницата ја водеше долгогодишниот волонтер и дисеминатор за меѓународно хуманитарно право Љупчо Милкоски.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад