октомври 1, 2022
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА
Секоја година Црвениот крст на 1 октомври го одбележува меѓународниот ден на стари лица, назначен од страна на Генералното собрание на ОН .
Оваа година се одбележува под мотото ” Отпорноста на постарите лица во светот што се менува “, со цел да се истакне отпорноста на постарите жени наспроти еколошките, социјалните, економските и доживотните нееднаквости .
За таа цел, утре на градскиот плоштад во Охрид, групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги промовира своите активности и ќе биде дел од Јога – смеа активноста, со почеток во 13 часот.