ноември 19, 2018
Меѓународен ден на стари лица
Во рамки на одбележување на 1-ви октомври –Меѓународниот ден на стари лица, а по иницијатива на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време” од Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид беше објавен конкурс за поетски, прозни и ликовни творби на тема „Топлите прегратки на баба и дедо“. На конкурсот беа пријавени 83 литературни и 33 ликовни творби од сите средни и основни училишта од општина Охрид и Дебрца, а свеченото доделување на благодарниците и наградите се одржа на 19 ноември како почеток на активностите предвидени за одбележување на Неделата на грижа за стари лица.