декември 13, 2024

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

На 04.12.2024, беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост, со силна порака за инклузија, поддршка и почитување на различностите.

Воедно, со голема радост го прославивме 5-тиот роденден на Здружението „Тајните на моето срце“ – која пет години работи на создавање можности и поддршка за лицата со попреченост во нашата заедница.

Нашите волонтери и оваа година беа дел од настанот и се погрижија да измамат насмевка на лицата на присутните дечиња, а воедно и да им го разубават денот. Овој ден беше исполнет со инспиративни моменти, позитивна енергија и заеднички напори за подобра и поинклузивна иднина.

На крајот на настанот на дечињата им беа поделени и симболични подароци.

Благодарност до сите волонтери, поддржувачи и членови на заедницата што ја прават оваа мисија возможна!

Секој има право на почит, прифаќање и можност за исполнет живот. Ајде заедно да ја шириме оваа порака!

< врати се назад