
декември 3, 2025
Меѓународен ден на лица со попреченост
На 2.12.2025 беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември, а воедно и шестиот роденден на здружението на родители и деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“.
Нашите волонтери и оваа година беа дел од настанот, посветувајќи време, внимание и љубов за да измамат насмевки на лицата на присутните дечиња и да им го разубават денот.
На самиот крај, дечињата добија и симболични подароци кои ја заокружија атмосферата на радост и топлина.
Овој настан претставува незаборавно искуство за нашите волонтери, кои повторно ја почувствуваа вистинската среќа токму преку искрената радост и насмевките на децата.







