ноември 25, 2025

МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ СОСТАНОК

Во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица (17–23 ноември), на последниот состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид се одржа меѓугенерацискo дружење заедно со членовите на групата за грижа на стари лица „Најди време“.

Младите волонтери имаа можност да се поврзат со постарите членови, да слушнат нивни искуства и да дознаат повеќе за работата и активностите на групата „Најди време“. Исто така, долгогодишниот волонтер и дисеминатор Љупчо Милковски одржа кратка дисеминациска сесија за историјата и принципите на Црвениот крст, потсетувајќи не на вредностите кои нè обединуваат.

Им упатуваме голема благодарност на членовите на „Најди време“ за одвоеното време, поддршката и искрената приказна што ја споделија со младите!

< врати се назад