декември 22, 2019

Меѓугенерациска средба

На ден 21.12 во организација на Програмата за грижа на стари лица „Најди време“ при Црвен Крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, во просториите на Здружението на пензионери се оддржа празнична меѓугенерациска средба.

Младите волонтери на Општинска организација Охрид читаа литературни творби на теми „Еднакви сме сите“ и „Топлите прегратки на баба и дедо“. Дружбата ја збогатија прекрасните изведби на Фолклорниот ансамбл БИСЕРИ во кои уживаа бабите, дедовците, пензионерите и родителите!

< врати се назад