
ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС НА ТЕМА „ГЛАС НА ХУМАНОСТА“
Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница – Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид објавуваат литературен и ликовен конкурс на тема: „Глас на хуманоста“
Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца, како и други заинтересирани граѓани. Може да се учествува со:
- поезија
- проза
- ликовна уметност
- Творбите се доставуваат: во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52б и на е-маил: ohrid@redcross.org.mk
Краен рок за доставување: 23 мај 2025 година
Творбите ќе ги разгледува и оценува стручна комисија. Наградените творби ќе бидат објавени на 26 мај 2025, а свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 28 мај 2025 година во Црвен крст Охрид, со почеток во 12:00 часот
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.
