
Литературен и ликовен конкурс
Во рамки на програмските активности за здраво и инклузивно стареење како основна порака на ООН за 2025 година и целите за развивање на креативниот дух кон развој и подигнување на свеста за заедничко генерациско учество во хуманитарни активности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема – „Букет за хуманоста“.
На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација со поезија, проза и ликовна уметност.
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или, да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 11 ноември 2025 година.
Доставените творби ќе ги разгледува и оценува комисија и наградените творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование и други, ќе се објават на 11 ноември 2025 година, а наградите ќе се доделат свечено на 14 ноември 2025 година во Црвен крст Охрид, со почеток во 12 часот..
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.
