февруари 8, 2022

#LightUpForRare

#LightUpForRare е името на овогодинешната кампања која има за цел да ја подигне свеста и солидарноста кон лицата кои страдаат од ретки болести, нивните семејства и негуватели, здравствени работници, истражувачи, претставници на индустријата и на општа јавност.
Во светот има над 300 милиони луѓе кои страдаат од некоја ретка болест. 28. Февруари се одбележува Денот на ретки болести и по тој повод ве покануваме да дадете свој придонес во оваа кампања на следниов начин:.
• Изберете боја од видеото @https://www.youtube.com/watch?v=tfqri6Dnaeg
• Во затемнета просторија прикажете на екранот на вашиот лаптоп или телевизор,
• Фотографирајте и споделете на социјалните мрежи со #LightUpForRare
Бидете и вие дел од овогодинешната кампања затоа што сами сме ретки, но заедно сме силни!
Tags:
< врати се назад