јули 23, 2025

ЛЕТНИТЕ ГОРЕШТИНИ И МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Жештината не влијае само на телото – таа го оптоварува и умот.

Во летните месеци, кога температурите достигнуваат екстремни вредности, не страда само физичкото здравје. Научно е потврдено дека високите температури имаат сериозно влијание и врз менталното здравје.

Што предизвикува топлината?

• Пад на расположение

• Анксиозност и раздразливост

• Нарушен сон и зголемен замор

• Зголемено ниво на стрес

• Ризично однесување, агресија, злоупотреба на супстанции

Децата, старите лица и лицата со хронични болети се дел од најранливата група, но посебен ризик имаат и лицата со постоечки ментални нарушувања. За нив, жештината значи уште поголем предизвик – симптомите се интензивираат, а често се потребни и стручни интервенции.

Зошто се случува ова?

Топлината ја менува хемиската рамнотежа во телото – влијае на хормоните, дехидрира, го прекинува нормалниот сон и создава хроничен замор. Мозокот работи поинаку кога е под топлотен стрес. Дури и мали фрустрации стануваат потешки за справување.

А покрај сè, сè почесто слушаме за појави како еко-анксиозност – грижа и тага поради климатските промени и состојбата на околината.

Затоа, и ова лето, не ја игнорирајте менталната страна на жештината. Бидете внимателни кон себе и другите. Ако чувствувате зголемен стрес, анксиозност, тага или замор – тоа не е слабост, тоа е реална реакција на телото и умот.

Потсетник: Грижата за менталното здравје е секогаш важна како и физичката заштита од сонцето, но особено на многу високите температури.

#МенталноЗдравје#ТоплотенБран#ПсихичкоЗдравје#ЖешкоЛето#ГрижаЗаСебе#ЛетнаАнксиозност#ЦрвенКрст

< врати се назад