
октомври 16, 2025
Курс по англиски јазик
Црвен крст Охрид започна со нова едукативна активност во рамки на соработката со КПУ Затвор Охрид – Курс по англиски јазик наменета за младите осуденици.
Целта на оваа програма е да се овозможи стекнување на нови вештини и знаења кои ќе им помогнат на овие млади лица полесно да се ресоцијализираат и интегрираат во заедницата по завршувањето на казната.
Обуката ќе ја води волонтерката на Мировен корпус, Danielle Hamilton, која со своето искуство и ентузијазам ќе придонесе кон квалитетна и мотивациска едукација.




