Културно – забавното лето ,,На зајдисонце” во Трпејца
Женскиот хор ACordis при Црвен крст Охрид под водство на диригент Биљана Николоска, имаше чест да настапи на последната вечер на културно – забавното лето ,,На зајдисонце” во Трпејца. Хорот имаше одличен настап, а потврда за тоа се бројните позитивните коментари упатени од страна на стручни лица од музиката. Пред бројната публика, хорот се претстави со композиции за женски хор, обработки од народното творештво, како и странски композиции.
Настапот беше заокружен со заедничка изведба на охридската староградска песна ,,Билјана платно белеше” на хористките и публиката, со инструментална придружба – гитара, Мила Тренеска. Пријатна, топла, летна вечер која ќе се памети и за која долго ќе се зборува.