
Kултурно – забавно лето “На зајдисонце” – Трпејца
Жолтите топчиња на дрвената алатка абакус, совршено се вклопија во прекрасниот залез на сонцето, каде во петокот на 26.07.2024 г., во рамките на 13. културно – забавно лето “На зајдисонце”, дел од тимот на Бреинобреин имаше можност да презентира и реализира работилница со деца од различна возраст кои престојуваат и летуваат во Трпејца.
Составувањето танграм, приказната поврзана со настанувањето на танграмот, создавање најразлични креации од седумте геометриски полигони, го привлече вниманието на триесетина деца кои уживаа додека создаваа нови креативни креации.
Тимот на БОБ изразува благодарност до организаторите за поканата и одвоениот простор да бидеме дел од оваа манифестација.




