
КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА – ВОДИЦИ 2025
На ден 19.01.2025 во просториите на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид во период од 9-15 часот Црвен крст Охрид во соработка со Институт за Трансфузиона Медицина на РМ ја организираа традиционалната крводарителска акција „Водици 2025“ на која што беа собрани рекордни крвни единици меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, до екипите од Институтот за трансфузиона медицина, волонтерите од Црвен крст Охрид, Дебарско-кичевска епархија Охрид која обезбеди скромни подароци за крводарителите и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.




