декември 3, 2025

Крводарителска акција во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

Исклучително голем беше одзивот на учениците од IV година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на денешната крводарителска акција која се одржа во организација на Црвен крст Охрид и реализација на екипата од одделението за трансфузиологија од Охрид. За само 4 часа, 34 ученици ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв која ќе биде наменета за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид и државата.

За успехот на денешната акција, упатуваме голема благодарност до крводарителите, до раководството и вработените во училиштето, до екипата од трансфузиолошкото одделение и до волонтерите на Црвен крст Охрид.

< врати се назад