
декември 4, 2024
Крводарителска акција во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
Исклучително голем беше одзивот на учениците од IV година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на денешната крводарителска акција која се одржа во организација на Црвен крст Охрид и реализација на екипата од одделението за трансфузиологија од Охрид. За само 4 часа, 42 ученици ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв која ќе биде наменета за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид и државата.
За успехот на денешната акција, упатуваме голема благодарност до крводарителите, до раководството и вработените во училиштето, до екипата од трансфузиолошкото одделение и до волонтерите на Црвен крст Охрид.




