
јуни 4, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО LTH LEARNICA
На ден 03.06.2025 година, Црвен крст Охрид, во соработка со Службата за трансфузија – Охрид и ЛТХ Леарница Охрид, реализираше успешна крводарителска акција со вработените во компанијата, а истата се одржа во нивните просториите.
Изразуваме голема благодарност до сите вработени кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и до компанијата ЛТХ Леарница Охрид за нејзината висока општествена одговорност.







