
август 5, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА „ПЛАОШНИК 2026″
Секоја година за празникот Свети Климент, Црвен крст Охрид ја организира крводарителската акција „Плаошник“.
Крводарителската акција „Плаошник 2026“ ќе се одржи во спортската сала на основното училиште „Свети Климент Охридски“, и тоа
– на 8 август (сабота), од 19:00 до 24:00 часот
– на 9 август (недела), од 10:00 до 14:00 часот.
Црвен крст Охрид ги кани граѓаните да ја изразат својата хуманост дарувајќи крв за време на оваа акција. Дарувај крв – спаси живот!





