
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА „ПЛАОШНИК 2024“
Во организација на Црвен крст Охрид, а во соработка со Институт за Трансфузиона Медицина на РМ, во спортската сала во ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид на 8ми и 9ти август се одржа традиционалната крводарителска акција-Плаошник 2024 по повод празникот Св. Климент Охридски.
На крводарителската акција беа собрани 50 крвни единици меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, до екипите од Институтот за трансфузиона медицина, волонтерите од Црвен крст Охрид, и до ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид кое овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.





