февруари 19, 2026

Крводарителска акција – ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

На ден 18.02.2026 Црвен крст Охрид во просториите на Службата за трансфузија – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во соработка со ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид наменета за сите #Гимназијалци од четврта година и вработените од училиштето.

На акцијата својата крв ја даруваа 15 дарители, меѓу кои професори, вработени во службата и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители.

🙏Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме на граѓаните за солидарноста, соработката и издвоеното време

< врати се назад