
април 20, 2026
Крводарителска акција – ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид
На ден 15.4.2026 година Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид со средношколците од четврта година и вработените од училиштето.
На акцијата својата крв ја даруваа 25 дарители, меѓу кои професори, вработени во службата и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители.
Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме на граѓаните за солидарноста, соработката и издвоеното време.






