мај 22, 2024

Крводарителска акција ФТУ

На ден 21.05.2024 година во просториите на Факултет за туризам и угостителство, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид организираше успешна крводарителска акција со студенти и општа популација.
Оваа крводарителска акција е дел од планираните акции од годишниот интегрален план за организирање на крводарителски акции за 2024 година.
Крводарувањето е висок чин на солидарност – им благодариме на сите граѓани кои што даруваа крв.
ПОДАДИ РАКА ЗА ЖИВОТ! ДАРУВАЈ КРВ!!

< врати се назад