април 24, 2025

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

На ден 23.4.2025 Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид со средношколците од четврта година и вработените од училиштето.

На акцијата својата крв ја даруваа 35 дарители, меѓу кои професори, вработени во службата и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители.

Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме на граѓаните за солидарноста, соработката и издвоеното време.

#ЦрвенКрст#дарувајкрвспасиживот

< врати се назад