
февруари 19, 2025
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Денеска, од 9-12 часот, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија-Охрид и Гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузија-Охрид.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност.
#дарувајкрвспасиживот#ЦрвенКрст




