Крводарителска акција – Водици 2021
Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид во соработка со Институт за трансфузиона медицина-Скопје традиционално ја реализираше крводарителската акција Водици 2021 која под мотото “ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ” се одржа на 19.01.2021 г.(вторник) во периодот од 9 – 15 часот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид .
На крводарителската акција беа собрани 77 крвнa единицa меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 беа преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.