јануари 19, 2020

Kрводарителска акција – Водици 2020

На ден 19.01.2020  во просториите на НУ Центар за култура “Григор Прличев” во период од 9-15 часот Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид во соработка со Институт за трансфузиона медицина-Скопје одржа крводарителска акција-Водици 2020 на која што беа собрани 91 крвнa единицa меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители

Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност и до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.

< врати се назад