октомври 4, 2021

Крводарителска акција во СВР Охрид

На ден 04.11.2021, од 10-14 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид во соработка со Службата за трансфузија-Охрид и СВР Охрид реализираше успешна крводарителска акција, на која крв даруваа 21 крводарител, а истата се одржа во просториите на СВР Охрид.

Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност.

< врати се назад