мај 20, 2021

Крводарителска акција во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид

На ден 19.05.2021 г. се одржа исклучително успешна крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид и Службата за трансфузиологија од Охрид се реализираше во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. Со почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, 61 хумани наши сограѓани од кои 8 млади, првократни крводарители, даруваа од драгоцената течност. Крвта ќе биде наменета за лекување на пациенти во здравствените установи во Охрид, но и за пациенти од Охрид кои се лекуваат на скопските клиники.

Изразуваме голема благодарност до крводарителите и сите учесници на денешната крводарителска акција, како и до ОУ „Григор Прличев“.

 

< врати се назад