декември 14, 2023
Kрводарителска акција во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид
На ден 13.12.2023 Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид со средношколците од четврта година и вработените од ова училиште.
На акцијата својата крв ја даруваа вкупно 44 дарители, меѓу кои професори, вработени во службата и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители.
Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме на граѓаните за солидарноста, соработката и издвоеното време