ноември 18, 2022

Kрводарителска акција – СВР Охрид

Во текот на изминатата недела, Црвен крст Охрид реализираше успешна крводарителска акција организирана за вработени во СВР, на која крв даруваа 28 крводарители, а истата се одржа во просториите на СВР Охрид.
 
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност.
< врати се назад