ноември 15, 2018
Крводарителска акција-Рамстор
Своето 13 годишно постоење и активна работа во Македонија, компанијата Рамстор Македонија го одбележа на хуман начин, како партнер на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид и Одделот за трансфузија во реализацијата на крводарителска акција. Вработените во Рамстор Македонија, предводени од регионалниот директор за продажба на Рамстор, Г-дин Ayhan Caliskan на 14.11.2018г. во Одделот за трансфузија во Охрид ја покажаа својата хуманост и висока општествена одговорност дарувајќи крв.