август 9, 2023
Kрводарителска акција “Плаошник 2023”
Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид, во спортската сала во OОУ „Св. Климент Охридски“ на 8ми и 9ти август се одржа традиционалната крводарителска акција-Плаошник 2023 по повод празникот Св. Климент Охридски.
На крводарителската акција беа собрани 76 крвни единици меѓу кои и неколку дарители кои за прв пат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.
Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв.