август 8, 2022

Крводарителска акција “Плаошник 2022“

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид и тоа денес, на 8 август (понеделник) во периодот од 19-24 ч. и утре,            9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч.
 
Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.
< врати се назад