декември 20, 2023
Kрводарителска акција
На ден 20.12.2023 год во просториите на ФТУ Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Служба за Трансфузија-Охрид и Факултет за туризам и угостителство – Охрид организираше успешна крводарителска акција со професори, студенти и општа популација, која беше последна од планираните акции од годишниот интегрален план за организирање на крводарителски акции за 2023.
На крводарителската акција својата драгоцена крв ја даруваа 24 крводарители, а за успешноста на оваа акција придонесоа многуте првократни дарители.
Крводарувањето е висок чин на солидарност – им благодариме на сите граѓани кои во текот на изминатите месеци од 2023 даруваа крв.
Дарувај крв, спаси нечиј живот!