септември 12, 2020

Крводарителска акција

Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти.

Во рамки на одбележување на Светскиот ден на првата помош Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организираше крводарителска акција се реализира на ден 12.09.2020 (сабота) во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 ч.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 беа преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.

< врати се назад