
мај 7, 2024
КОШАРКАРСКИ МЕЧ
Изминатиот викенд на ден 27.4.2024 година во спортската сала “Билјанини извори” се оддржа хуманитарен спортски турнир во кошарка.
На истиот учество зедоја тимови формирани од основните и средните училишта од Општина Охрид, како и волонтерски екипи формирани од младите ентузијасти и љубители на спортот.
Настанот беше организиран од групата на ПХВ младинци кои имаат за цел да уредат просторија во установа за малолетни престапници во мултимедијално – едукативна училница.









