септември 19, 2022

КОНВЕНЦИЈА ПО ПРВА ПОМОШ

По повод Светскиот ден на Прва помош, на 17.09.2022 беше одржана Конвенција по прва помош во Битола, организирана од страна на Црвен крст на РСМ, Црвен крст Битола и Општина Битола.
 
Настанот се состоеше од повеќе делови, и тоа : дефиле на претставниците на секоја општинска организација од плоштад Магнолија до Офицерскиот дом Битола, понатаму изложба на традиционални обележја од секој град, и секако симулациска вежба на пожар и сообраќајна несреќа и демонстрации на санирање на повреди.
 
 Волонтерите на Црвен крст Охрид облечени во традиционална облека со ѓомлезе, плашици, питулици, охридски ѓеврек, слатко и ред други продукти го доловија духот на нашиот град Охрид и културата со која изобилува.
 
Најважно од сè, укажана беше важноста на првата помош како вештина која треба да ја поседуваме сите.
 

< врати се назад