март 11, 2024

КЛУБ ЗА ДЕБАТА

Во Црвен крст Охрид секогаш ги охрабруваме волонтерите да ги искажуваат своите мислења, ги мотивираме да ги разработат своите идеи, но и им помагаме да ги реализираат истите.
Токму така, минатиот месец, на иницијатива на волонтерката од Мировен корпус Danielle Hamilton и волонтерите од Клуб на млади Методија Стојаноски и Дарио Транталовски, во Црвен крст Охрид започна со работа клубот за дебата за сите љубители на критичкото размислување, дискутирањето на важни теми и аргументирањето.
Истиот е планирано да се состанува во општинската организација каде заинтересираните млади ќе можат да дебатираат и да научат повеќе за основите на дебатата на англиски јазик во наредниот период.
Првата дебата на клубот е овој понеделник (11.3.2024) во 19 : 30 во Црвен крст Охрид на тема “Can lying be morally justified?” или “Дали лажењето може да биде морално оправдано?”. Ги очекуваме сите заинтересирани млади и ентузијасти да присуствуваат и така да станат дел од истиот.
< врати се назад