декември 4, 2025

Клуб на млади – Светскиот ден на волонтерството – 5 декември

Вчеравечер, на последниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември, беа доделени благодарници на волонтерите кои значајно придонеле во развојот на Клубот на млади во 2025 година.

Овие благодарници се само мал знак на голема почит за трудот, времето и посветеноста што секој од нив ги вложува во заедницата. Со нив сакаме да ја истакнеме важноста на волонтерството и да ги мотивираме сите млади да се вклучат, да бидат активни и да придонесуваат кон позитивни промени.

Нашата цел е да изградиме силна, хумана и обединета младинска заедница која ќе биде двигател на добро во Охрид – затоа продолжуваме да ги поддржуваме, охрабруваме и инспирираме сите сегашни и идни волонтери.

< врати се назад