април 7, 2025

КЛУБ НА МЛАДИ ЧИТАТЕЛИ

Клубот на млади читатели започна со работа во декември 2023та година на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска. Клубот има цел да ја поттикне љубовта кон книгите и читањето кај младите, создавајќи инспиративна и пријателска средина за размена на идеи, дискусии и литературни авантури.

Книгата која беше одбрана за овој месец, “Седум години наназад” од писателката Ашли Постон, беше главната тема на состанокот на клубот на ден 6.3.2025.

Салата беше исполнета со звук на пријателска смеа и мирис кој те потсеќа на дома.

Членовите ги споделија нивните мислења и идеи за книгата додека истовремено беа споделувани лични приказни и искуства – налик на тие од книгата.

Како дополнителна активност, секој од учесниците имаше можност да декорира еден мафин, бидејќи готвењето е една од главните тематики во книгата, покрај шетањето низ времето.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад