март 26, 2024
Клуб на млади – Годишен извештај 2023
Младите се движечката сила секаде во општеството, па така и во нашата општинска организација. Клубот на млади на Црвен крст Охрид веќе 28 години дејствува како посебно тело во рамките на општинската организација на најголемото хуманитарно движење во светот.
Од самиот почеток па се до денес, Клубот на млади се стреми кон промоција на младите и нивните знаења и способности во општеството, организирање на активности од млади за млади во рамките на организацијата, како и нивна мотивација и надградба на капацитети. Благодарни сме како тим на раководството за достигнатите успеси, трудот и заложбата на секој волонтер и горди на нивниот раст и развој. Со таа цел, го изготвивме првиот годишен извештај за родители, но и за пошироката јавност во кој се опфатени активностите од 2023 година, како знак на благодарност за нивната соработка со нашата организација, поддршка на нивните деца и промовирањето на нашите принципи и вредности.
Се надеваме дека оваа 2024 година ќе ни биде уште поплодна, похумана и позабавна, и секако исполнета со многу насмевки на лицата на нашите волонтери и корисници на услуги.